+1 5589 55488 55 Mon-Sat: 11AM - 23PM
За нас

Реномиран центар кој веќе 5 години континуирано се грижи за вашиот убав изглед на еден природен и здрав начин

Нашите врвни услуги, тимот на сертифицирани професионалци со индивидуален пристап кон секој клиент користејки професинална апаратура и препарати, внимателно одбрани третмани и процедури се секогаш во ваша полза и на ваше задоволство да заблескате во полн сјај со здрава и тонирана кожа.

Широката палета на услуги за нега на лице и тело со светските брендови кои ги нудиме во нашиот релаксирачки и елегантен амбиент ќе ви овозможи да уживате и на кратко да го избегнете секојдневниот стрес. Секоја дама заслужува да се чуствува самоуверено, убаво и единствено со својот изглед.

Апарати

TESLA BODY FORMER + RF Nefertiti K Skopje

TESLA BODY FORMER + RF

Апарат од најновата генерација и најреволуционерна технологија на принцип на функционална магнетна стимулација на моторните нерви и мускулите со фракционен ласер до брзо и ефикасно намалување на масните наслаги и стимулација на колаген, зголемување и дефиниција на мускулната маса, ремоделирање на вашето тело.

Со јачина од 7000 вати и 4 сонди дава можност за едновремена апликација на две регии во една сесија со иста функционалност, јачина и интензитет фокусиран на целната група на мускули.

Единствен од овој вид и само кај нас.

VELLASHAPE 3 Nefertiti K Skopje

VELLASHAPE 3

Апарат систем за слабеење и обликување на тело и лице, затегање на опуштена кожа, лимфна дренажа, намалување на брчки на лицето и рејувинација на очната регија. Таканаречен целулит килер со 5 функции, вакум, фракционен ласер, биполарна радиофреквенција, ролери, кавитација и 4 сонди од кои едната се употребува за изведување на третмани за лице.

HIFU Nefertiti K Skopje

HIFU

Ласерски апарат за лице и тело - високо интензивен фокусиран ултразвук. Ги остранува брчките, ја тонира и затега кожата на лицето со длабока стимулација и продолжено дејство (3 месеци) создавање на колаген. По хируршкиот лифтинг на лице ова е првиот најдобар не хируршки лифтинг третман. Го ремоделира и контурира вашето тело, длабоко топејки ги масните наслаги на саканите регии.

DEPILACIJA Nefertiti K Skopje Kisela Voda

MICRODERMA PRO - VRF1 -newest technology advanced

Вакумска микроиглена терапија – апарат за лице и тело, единствен кај нас и достапен само во нашиот салон.
Станува збор за апарат од најнова генерација, кој користи напредна технологија и комбинација од методи за брзо и ефикасно затегнување и подигнување на лицето, намалување на длабоките брчки и фините линии, проширените пори и лузните од акни. Третманот се применува и за затегнување на кожата на телото, како и за намалување на хируршки лузни, лузни од повреди, стрии и опуштена кожа.
Апаратот користи микроинвазивна фракциона радиофреквентна технологија со ситни микроигли обложени со злато, кои прецизно ја доставуваат радиофреквентната енергија до целните ткива на различни длабочини.
Во комбинација со иновативната технологија за вакуум со негативен притисок, која овозможува прецизно нанесување на енергијата врз кожата, безбедно и контролирано се загрева колагенот во длабоките слоеви на дермисот. На овој начин се предизвикува контракција и ремоделирање на колагенските влакна, што придонесува за измазнување на брчките и затегнување на кожата.
За време на третманот, механичката стимулација од микроиглите, заедно со биолошкиот ефект и топлинската стимулација од радиофреквенцијата, го поттикнуваат природниот процес на самообновување на кожата и го забрзуваат метаболизмот.
Топлинскиот ефект на радиофреквенцијата предизвикува контракција на постојниот колаген и го стимулира создавањето и реструктуирањето на нов колаген. Истовремено се поттикнуваат процесите на обновување и ремоделирање, што резултира со поцврста, позатегната и помазна кожа.
Технологијата првенствено се користи за третмани против стареење на кожата. Помага во намалување на брчките околу очите („пачји нозе“), хоризонталните линии на челото, линиите на вратот и други видливи знаци на стареење.
Исто така, овозможува затегнување и подигнување на кожата и помага при проширени пори, изгубен сјај на тенот, акни и лузни од акни.

PRESSOTERAPY + RF Nefertiti K Skopje

PRESSOTERAPY + RF
(Weight - losing expert)

Апарат за здраво и професионално намалување на масните наслаги и слабеење. Единствен и само кај нас.

Одело со сауна и воздушни комори кои под воздушен притосок вршат лимфна масажа со што се подобрува циркулацијата, размената на материи и стимулира елиминација на масти, лимфна дренажа, детоксикација и го зголемува имунитетот. Термичкото затоплување повеќекратно го зголемува ефектот за разложување и топење на масните наслаги.

ELECTRO MUSCUL STIMULATOR Nefertiti K Skopje Kisela Voda

ELECTRO MUSCUL STIMULATOR
(Weight loss machine)

Апарат за намалување на тежината и моделирање на телото, тонирање на мускулите. Со 10 групи на електро перничиња за тело и по еден пар за подигање на гради и за електростимулација на лице, адаптабилни за рапоредување спрема бараните потреби и интензитет.

VACUUM THERAPY MACHINE Nefertiti K Skopje Kisela Voda

VACUUM THERAPY MACHINE

Ефикасен апарат за бразилско подигање на глутеус и дојки, антицелулитни масажи, отстранување на тврдокорни масни наслаги на и под кожа.

Освен класичните вентузи за лице и тело во различни големини има и вакум ролери за уништување на целулоит и масни наслаги.

GUINOT Nefertiti K Skopje Kisela Voda

GUINOT

Апарат за лице од најновата генерација и единствен кај нас, само во нашиот салон.

Револуционерно откритие на француската компанија Guinot, со своето 65 годишно искуство, користејќи ги најновите научни откритија и иновативна технологија, развива патентирани методи за подмладување на секој тип на кожа.

Употребата на овој апарат по точно протоколирани третмани со Guinot козметичката линија нудат вистинска алтернатива на естетската хирургија. Апаратот користејќи ја ехцитомоторната сила ги прави третманите целосно безболни, пријатни и обезбедува побрзи и подолготрајни ефекти.

Третманите се администрираат во рамките на ексклузивната мрежа на салони за убавина.Формулите на препаратите се без парабени, а активните состојки кои се користат се од растенија кои не се ГМО.

RADIO FREQUENCY LIFTING Nefertiti K Skopje Kisela Voda

RADIO FREQUENCY LIFTING

Апарат за подмладување и затегање на кожата на лицето, намалување и појава на фините линии и брчки и опуштената кожа. Фракционен ласер кој ја загрева кожата со цел да стимулира производство и синтеза на колаген, еластин и хијалуронска киселина.

OXY JEET PEEL Nefertiti K Skopje Kisela Voda

OXY JEET PEEL

Апарат за чистење и длабинско потхрнување на кожата на лицето, под притисок користејќи џет технологија. Со длабинско инфузирање на кислород во кожата ја хидрира, ексфолира, освежува и ја затегнува. Го поттикнува создавањето на колаген и намалување на фините линии и брчки.

DERMAPEN Nefertiti K Skopje

DERMAPEN

Иновативна технолигија за микроиглици, прецизна и безбедена алатка за изведување на третмани на лице и тело со цел регенерација на кожата, стимулира создавање на колаген и еластин, ги намалува брчките, лузните и други неправилности на кожата предизвикани од механички оштетувања.

ULTRASONIC SPATULA Nefertiti K Skopje Kisela Voda

ULTRASONIC SPATULA

Иновативна технолигија за микроиглици, прецизна и безбедена алатка за изведување на третмани на лице и тело со цел регенерација на кожата, стимулира создавање на колаген и еластин, ги намалува брчките, лузните и други неправилности на кожата предизвикани од механички оштетувања.

COLLAGEN NATURAL MASK MACHINE Nefertiti K Skopje

COLLAGEN NATURAL MASK MACHINE

Единствен и само кај нас апарат за производство на природни маски за лице, кои ги припремаме едновремено додека се изведува третманот на лице спрема потребата на негуваната кожа.

Основата на секоја припремена маска е колаген со висока вискозност, надополнета со повеќе природни состојки (овошје, билки …)

Маски без слоеви и антиоксидација, со природен вкус и арома, без хемикалии, конзерванси и парабени и многу хранливи вредности.

Природната и свежа маска го спречува испарувањето на водата со што создава хранливите состојки да навлезат длабоко во кожата и да се апсорбираат целосно хранливите вредности, по што кожата станува нежна, сјајна, свежа и ефикасно подхранета веднаш.

LASER Nefertiti K Skopje Kisela Voda

LASER

Моќен ласерски зрак за трајно отстранување на несаканите влакна од лицето и телото. Длабинско дермално изложување на импулси на ласерска светлина која директно влијае на фоликулите на влакното прави фотокоаулација на влакното и со тоа трајно се уништува од корен.

DEPILACIJA Nefertiti K Skopje Kisela Voda

DEPILACIJA

Депилација процес на времено отстранување на несаканите влакна од лицето и телото со восоци за еднократна употреба, ладен и топол.

DEPILACIJA Nefertiti K Skopje Kisela Voda

MICRODERMA PRO - VRF1 -newest technology advanced

Вакумска микроиглена терапија – апарат за лице и тело, единствен кај нас и достапен само во нашиот салон.

Станува збор за апарат од најнова генерација, кој користи напредна технологија и комбинација од методи за брзо и ефикасно затегнување и подигнување на лицето, намалување на длабоките брчки и фините линии, проширените пори и лузните од акни. Третманот се применува и за затегнување на кожата на телото, како и за намалување на хируршки лузни, лузни од повреди, стрии и опуштена кожа.

Апаратот користи микроинвазивна фракциона радиофреквентна технологија со ситни микроигли обложени со злато, кои прецизно ја доставуваат радиофреквентната енергија до целните ткива на различни длабочини.

Во комбинација со иновативната технологија за вакуум со негативен притисок, која овозможува прецизно нанесување на енергијата врз кожата, безбедно и контролирано се загрева колагенот во длабоките слоеви на дермисот. На овој начин се предизвикува контракција и ремоделирање на колагенските влакна, што придонесува за измазнување на брчките и затегнување на кожата.

За време на третманот, механичката стимулација од микроиглите, заедно со биолошкиот ефект и топлинската стимулација од радиофреквенцијата, го поттикнуваат природниот процес на самообновување на кожата и го забрзуваат метаболизмот.

Топлинскиот ефект на радиофреквенцијата предизвикува контракција на постојниот колаген и го стимулира создавањето и реструктуирањето на нов колаген. Истовремено се поттикнуваат процесите на обновување и ремоделирање, што резултира со поцврста, позатегната и помазна кожа.

Технологијата првенствено се користи за третмани против стареење на кожата. Помага во намалување на брчките околу очите („пачји нозе“), хоризонталните линии на челото, линиите на вратот и други видливи знаци на стареење.

Исто така, овозможува затегнување и подигнување на кожата и помага при проширени пори, изгубен сјај на тенот, акни и лузни од акни.

Што велат клиентите за нас

Презадоволна сум од професионалната услуга и ефикасните третмани. Секоја дама треба да си пружи нега на телото, како и на духот. Топло го препорачувам

Наташа Ценова

Секогаш во добри раце! Одлична услуга, професионалност и пријатна атмосфера!

Ана Зикова

Место кое ме прави да се чувствувам пријатно и одлично е дефинитивно Beauty Salon Nefertiti. Се одлучив за ласерска епилација на цело тело бидејќи сакам да се спасам од досадната депилација што ја правиме на секои две – три недели. Ако ме прашувате дали боли? Со сигурност ќе кажам дека не! Од само еден третман влакната ми се доста изретчени, а третманот е брз, ефикасен, безбеден, безболен и траен. Нефертити имаат најнов модел на ласер за трајно отстранување на несакани влакна па затоа јас како нивна задоволна клиентка им го препорачувам на сите кои сакаат да се ослободат од несаканите влакна, а притоа да се чувствуваат убаво секој ден.

Маријана Столеска

Nice cozy studio, very clear & sterile. I was doing treatment for belly zone – satisfied for maximum, lost few cm! Master perform the procedure carefully, everything was comfortable

Tanya Ganaga

For me, the best decision… After my first treatment shaving took half as long as before. Each treatment made me less hairy then before. After 2 treatments I had almost no hair at all, and I have 4 more sessions to go. I am soo satisfied with the Nefertiti Laser and i recommend everyone to get laser at this Salon.

Adile Alii

Вие сте чудо светско.🥰🤗 Врвни третмани. Врвни апарати. Врвни програми. Врвни мои резултати, ви благодарам девојчиња. ❤️ Благодарение на вас повторно се чувствувам СВОЈА!!! ❤️

Ива Ѓуровска

Сакам да ви се заблагодарам на вас и на вашето козметичко студио за програмите Vella shape и Tesla body former. Навистина ми помогнаа многу во намалувањето на обемот и обликувањето на телото, а резултатите се многу прeмeтливи.❤️
Ви благодарам од срце на професионалноста и на сите совети што ги добив! ❤️

Весна Соколовска

Дозволете си беспрекорна нега и уникатна убавина!

Посетете го нашиот реномиран центар и подарете си здрав, природен сјај со врвни третмани и сертифицирани професионалци.

Чувствувајте се самоуверено и посебно – затоа што го заслужувате тоа!

Резервирајте го вашиот термин денес!

Закажете консултација

+389 70 352 666

Контакт

Е-Маил

nefertitik@outlook.com

Телефон

+389 70 352 666

Локација

Ул. Марко Цепенков 50 Скопје, Северна Македонија