Хифу на лице

Најиновативна технологија, безболен и брз нехируршки лифтинг. Пробива длабоко до 4.5мм во кожата и со помош на фокусирана ултразвучна енергија го загрева ткивото со што стимулира создавање на колаген и еластин. Третманот се работи на три длабински слоја во кожата кои имаат посебна функција.

Со само еден третман добивате подмладена, измазнета и затегната кожа. Резултатите може да бидат видливи веднаш, но конечниот резултат се гледа по 3 месеци, време потребно за ргенерација на колагенот.

Третманот има продолжено дејство, за што е препорачливо да се прави 1 третман на 6 месеци, а ефектот има траење до 18 месеци.