Hydradermie Lift 1000

Инстантен лифтинг-затегнување преку мускулна стимулација | 50 минути

Hydradermie Lift 1000 е третманот кој ги затегнува и реобликува контурите на лицето — без иглички и без хируршка интервенција. Единствен козметички третман за лице кој делува на мимичната мускулатура со специјални струи ги стимулира лицевите мускули, ги затегнува, го зголемува по природен пат намалениот волумен на лицето, го подмладува и освежува. Ефектот е наречен „body building за лицето": а резултатот е подмладен изглед, подигнати и затегнати контури, зацврстен тонус и зголемена еластичност на кожата веднаш по третманот.

Се препорачува за сите типови кожа, вклучувајќи нормална и уморна кожа — без потреба за претходна подготовка.

За време на третманот применува термална електрода со активниот Виталуроник Серум кој содржи хијалуронска киселина и Витамин Ц, Е, Б3 и Б5, и нежна електростимулација во насока на лимфна дренажа, подобрена циркулација и стимулација на лицевата мускулатура. За време на третманот ќе почувствувате пријатни микровибрации и видливо затегнување на лицевата мускулатура, вратот и очната зона.

Резултати:

  • +50% зголемена цврстина на кожата
  • -43% намалена длабочина на брчките
  • До 89% видливо затегнати и реобликувани контури

По првиот третман ги забележувате подигнатите контури на лицето, вратот и капаците. На кожата и се враќа тонусот и еластичноста, а брчките се намалени, изгледот е одморен. Ефектот е инстантен сјај и свежина и се зголемува со секој следен третман.

Препорачан протокол:
1 третман неделно, 3 недели по ред.
1-2 третмани месечно за одржување