
Пресотерапија со РФ
Еден од најбараните третмани за слабеење, неинвазивен, безболен, целосно реласирачки, третман за целосно подобрување на општата слика на телото, кожата и зголемување на имунитетот.
Третманот се изведува без додатоци на одредени креми, масла или млека, на чисто тело се облака кеса специјално наменета за овој третман и со помош на оделото со 24 воздушни комори и фракционен ласер се врши масажа на лимфниот систем во сауна. Со лимфната дренажа се подобрува цирулацијата и капиларниот систем и размената на материи што придонесува за елиминација на масти и токсини од крвта, го штити организмот од васкуларни болести – атеросклероза и висок крвен притисок.
Масажата на лимфниот систем под притисок се создаваат голем број на лимфоцити, се подобрува циркулацијата, се зголемуваат антителата, врши детоксификација и комплетно подорување на дигестивниоот и метаболистичкиот систем, а сауната помага во поефикасно топење на масните наслаги и синтетизирање на стариот колаген на кожата и создавање на нов кој придонесува за подобар изглед и затегање на кожата.
Ефективно траење на третманот може да биде 30, 45 мин до најмногу 60 мин, и да се изведува секојдневно најмалку 1 час по оброк. Како третман за слабеење се препорачува во пакет од 10 третмани, а 30 мин третман заменува 150 чучни стани вежби со 50кгр тежина – воздушен притисок.
