Дермапен

Третман кој се користи за намалување на брчки и фини линии, затегање на кожата посебно околу очите, вратот и челото, лифтинг на кожата и решавање други проблематики како лузни од траума, акни, стрии, хиперпигментаци на лице и деколте.

Овој третман се изведува по добро исчистено лице, со микро иглички се прават многубројни микро повреди на кожата кои стимулираат подобра синтеза и стварање на нов колаген. Персонализиран третман со употреба на мезококтели и бустери спрема потребата на вашата кожа.

Препорачливо е да се направи серија од минимум 3 третмани во континуитет на растојание од 3-4 недели.