Guinot Hidra Cellular Energy Lift

Третман за мускулна стимулација и затегнување, кој се состои од инстант лифтинг со фаза 1 на лимфна дренажа и детоксикација и фаза 2 од фацијална мускулна стимулација. Потоа следува завршна фаза на релаксирачка лифтинг масажа со серум крем.

Резултатите се затегната, здрава, сјајна кожа со намалување на минималните брчки и лифтинг на овалот од лицето.

Се препорачуваат серија од 3-6 третмани 2 до 3 пати неделно за инстант ефект и 1-2 третмани месечно за одржување.