Hydradermie 1000

Hydradermie Treatment 1000 е најпопуларниот Guinot третман за лице — третман за длабинска хидратација, балансирање, подмладување и регенерација на кожата. Ако вашата кожа изгледа заморена и без кислород, сува или дехидрирана, со ситни брчки или намалена еластичност тогаш овој третман е точно тоа што Ви треба. Hydradermie 1000 делува на клеточно ниво и ја враќа енергијата и свежината во кожата, помага во балансирање на нивото на себум и одржува оптимална хидратација на клетките.

Hydradermie 1000 третманот е достапен во 7 верзии според тип и состојба на кожата и тоа: за дехидрирана, сува, зрела, чувствителна и масна кожа, за кожа со темни дамки, и за заморена кожа без сјај.

За време на третманот се користи патентираниот метод на двојна комбинација - термална електрода со Виталуроник Серумот кој содржи Хијалуронска киселина, Витамин Ц, Е, Б3 и Б5 и Динамичка јонизација, благи микростимулации, кои заедно работат на клеточно ниво и ги внесуваат активните состојки длабоко во кожата.

Третманот трае 50 мин. целосно е комфорен, релаксирачки и без болка.

Резултати уште по првиот третман:

  • +63 % повеќе хидратација во кожата
  • -21% намалување на црвенилото
  • - 87% намалување на лачењето на себум
  • 89 % посветол тен и намалени дамки
  • - 36% намалување на длабоките брчки

Препорачан протокол:
1 третман неделно, 3 недели по ред.
1-2 третмани месечно за одржување