Колагенски природни персонализирани маски за лице

Иновативна методологија за изработка на персонализирани, природни, свежи и хранливи маски за лице спрема потребите на секоја кожа додека се изведува третманот на лице.

Преку илјада различни маски за лице направени од природни состојки, органско овошје и билки, со додатоци на органски мед и природни и ароматични масла и зачини.

Свежата маска, подготвена на овој начин е значително похранлива и овозможува поголем внес на хранливи вредности во кожата што едновремено ја подмладува и дава сјај и свежина.

Природните маски се без хемикалии, без конзерванси, немаат парабени, олово или жива или други иритантни состојки.