
Неинвазивен третман со светлосна терапија која делува во подлабоките слоеви на кожата и ја стимулира природната регенерација на клетките.
Најголемата заблуда во нега на кожата е дека светлото не може да промени ништо, но тоа делува и каде повекето третмани не делуваат, зголемувајки ја енергијата на клетките, ги намалува воспаленијата и ги чисти бактериите, стимулира колаген и ја регенерира кожата на лицето.
Ова е третман кој го менува начинот на кој кожата функционира и додека лежиш и одмараш се случува многу повеке од што мислиме и се изведува кога сакаме резултати без агресија.
Различните бои на светлина имаат различни ефекти врз кожата
- Сината светлина – антибактериско дејство и помага кај акните и воспаленијата на кожата
- Жолта светлина – ја подобрува циркулацијата и ја смирува чуствителната кожа
- Црвената светлина – стимулира колаген и еластин ја затегува кожата и ги намалува брчките
- Зелената светлина – помага кај пигментациите и го изедначува тенот
Овој третман освен индивидуално изведување дава можност и да се комбинира со било кој друг козметички третман на лице кака дополнување, негова завршна фаза зависно од потребата на кожата за подобрени ефекти и здравје на кожата на лицето.
