Вакум микронидлинг на лице со VRF1

Вакум микронидлинг на лице со VRF1                                       

Напреден естетски третман за обновување , затегнување и подобрување на квалитетот на вашата кожа

Вакум микронидлинг со VRF комбинира вакум, микроиглички и биполарна  радиофреквенција за контролирана стимулација на кожата. Со создавање на прецизни микро-стимулации на кожата, третманот ги активира природните процеси на обновување и регенерација и го потикнува создавањето на колаген и еластин.

Микроигличките остваруваат совршен контакт со кожата, додека контролираниот вакум придонесува за рамномерно изведување на третманот. Во зависност од индивидуалните потреби и состојбата на кожата, микроигличките се поставуваат на различна длабочина 1-3 мм. Биполарната радиофрквенција делува во подлабоките слоеви на кожата создавајќи контролирана топлинска стимулација која го подджува процесот на ремоделирање на колагенот и подобрување на цврстината и еластичноста на кожата.

Третманот е наменет за подобрување на

-          Цврстината и еластичноста на кожата

-          Контурите и тонусот на лицето

-          изгледот на фините линии и брчки

-          проширени пори

-          нерамномерната текстура на кожата

-          лузните и трагите од акни и стрии

-          целокупниот изглед и свежина на кожата

Веднаш по третманот кожата може да биде зацрвенета, некогаш и прокрварена, да има мали отоци, или чувство на оток и затегнатост затоа е потребно време за опоравување  24-72часа практично што е и времето на почеток на процесот на ремоделирање.

Третманот се изведува со различни мигроиглични глави во зависност од потребите и состојбата на кожата на секој клиент, а треманот секогаш се завршува со ладен чекан, кој со контролирано ладење придонесува за смирување на кожата и намалување на чувството на топлина и црвенило.

Вакум микронидлинг третманот е наменет за оние кои сакаат затегната, поцврста, посвежа, помазна кожа, кожа без брчки - подмладена кожа.

Овој третман спага во групата на естетски нехируршки третмани, резултатите се видливи веднаш по првиот третман, но се препорачува да се изведе во серија од  3 третмани, со растојание од приближно 1 месец за  долготрајни резултати.